Србија избори пласман во втората фаза на Светското првенство во ракомет. Србинките во директен дуел ја победија Словенија 29:27. Во иститот термин, во Ц-групата, Црна Гора и Шпанија решаваа за првото место. Во драматичен меч Шпанките победија 27:26 со гол постигнат на три секунди до крајот на мечот.
Србија и Словенија во Кумамото одиграа драматичен натпревар во кој победникот беше решен во последните десет минути.
Србинките имаа предност од три гола во второто полувреме, која Словениките ја стигнаа и престигнаа во 46 минута. Во последните десет минути Србија со серија од три гола израмни на 23:23. Драмата продолжи и во решавачките две минути, Словенија не искористи предност од ракометарка повеќе, а хероина на Србија беше Лишчевиќ која постигна гол, а во наредниот напад украде топка и ги оневозможи Словеникте да организираат напад.
Покрај Лишевиќ во финишот се истакна и голманката Томашевиќ која во последните две минути забележа три одбрани.
Поп-Лазиќ со осум и Лавко со седум гола беа најефикасни кај Србија, додека Словенија ја предводеа Станко со десет и Грос со осум гола.
Во дербито во Ц-групата, Црногорките доминираа против Шпанија 45 минути, а потоа се случи неверојатен пад во нивната игра. При водство 23:19, Црногорките на своите противнички им дозволија серија од седум гола (23:26).
Драмата кулминираше во последните 30 секунди. Јауковиќ израмни на 26:26 , а потоа во последниот напад, на три секунди до крајот Кабрал постигна гол за победа на Шпанија.
Црногорките на овој меч имаа 19 загубени топки.
Кабрал и Пења со по шест гола ја предвидеа Шпанија, додека најефикасни кај Црна Гора беа Радичевиќ со седум и Раичевиќ со четири гола.