Top Sport

Томовски: Македонија мора да го издржи периодот на трансформација

Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Португалија со 23:29 во третиот меч од квалификациите за ЕП 2024. Во поголем дел од мечот подмладениот тим на селекторот Кире Лазаров даде силен отпор, но имаше и грешки кои Португалија знаеше да ги искористи.

Во второто полувреме на голот застана Мартин Томовски и имаше неколку одлични одбрани со кои Македонија направи пресврт и успеа да поведе. Но, на крајот, сепак, поразот беше неизбежен.

„Не може да се победи Португалија со одделни блесоци од по 15 минути. Мора да се биде константен во текот на целиот меч. Направивме неколку наивни грешки, а тоа селекција како Португалија знаеше да го искористи. Сепак, се соочуваме со одредени промени во репрезентацијата и јасно е дека тоа мора да се издржи. Треба да ја подобриме одбраната, да бидеме многу пожестоки во дуелите и да се обидеме повторно на реваншот“, изјави Мартин Томовски.

Македонија в недела ја очекува гостување во Португалија во четвртото коло од квалификациите.

Scroll to Top