Лидерот на партијата за општествен и економски напредок, ПОЕН, која е во коалиција со СДСМ, Рубин Земон го оправдува нехуманиот потег на полицаецот кој на натпреварот Вардар – Пелистер жестоко со пендрек го удираше нашиот ракометарски првенец, Филип Талески.
Земон е и универзитетски професор, вработен во Универзитетот за информатички науки и технологии и член на научниот совет на Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“.
Со куп печатни, граматички и правописни грешки, на ФБ реши да ја оправда полицијата. Ви го пренесуваме во прочистена верзија, а подолу можете да го погледнете оригиналот.
„Се извинувам да прашам: Талески седеше мирно и полицаецот намерно го удри од “чиста мира”?
МВР веќе презеде мерки и отвори случај за да се преиспита настанот….
Што треба друго да се презеде во моментов? Ниту Талески е Звонимир Бобан, ниту играа Динамо со Црвена Ѕвезда, намалете го малку доживувањето и омразата по полицијата. Како и да е, полицаецот не смееше да мава по играчите, тој треба да ги штити нив, судиите и официјалните лица.“
Премезено од Макфакс