Ракометарките на Вајперс Кристијансад се победнички во Лигата на шампионите оваа сезона, откако во финалето во Будимпешта го совладаа Ѓер со 33:31. На полувремето остварија предност (15:13), а во вториот дел успеаја да ја одржат и заслужено го кренаа најпосакуваниот европски пехар.
Јерабкова со шест гола беше најефикасна ракометарка во победничкиот тим, а Гулден и Кнедликова постигнаа по пет погодоци.
Третото место му припадна на тимот на Мец кој го совлада Есбјерг со 32:26.