Top Sport

Валтер: Одигравме лошо, потфрлија главните играчи

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да слават и во четвриот натпревар од Лигата на Европа. На домашен терен во салата „Боро Чурлевски“ стигнаа само до ремизи против Агуаш Санташ играјќи 27:27.

Тренерот Ларс Валтер потенцираше дека не е задоволен од играта и од резултатот.

„Одигравме лош натпревар. Мислам дека многу наши клучни играчи одиграа под потребното ниво. Сакам да им честитам на противниците од Португалија за добриот меч“, изјави Валтер на прес-конференцијата по натпреварот.

Во идното коло, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе му гостуваат на Фуксе Берлин.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');