Веспрем го победи Вардар во Скопје 29:27 (11:16), во дербито на 12 коло, во Лигата на шампионите. Унгрскиот тим со оваа победа ја презеде втората позиција во А-групата, со бод повеќе во однос на Вардар.
Македонскиот шампион против Веспрем одигра две различно полувремиња. Во првото, во кое блескаа голманот Милосављев и десниот бек Дисингер, Вардар успеа во периодот од 20 до 30 минута да обезбеди предност од пет гола. Првиот дел Дисингер го заврши со пет гола, а Милосављев со 11 одбрани.
Второто полувреме донесе неразбирлив пад во играта на црвено-црните. Веспрем во 38 минута ја комплетираше серијата 6:1 и се израмни со противникот 17:17.
Кристопанс потоа погоди два пати, Вардар успеа да го одбие тој налет, да се одлепи на три гола 21:18, но Унгарците, предводени од голманот Миклер повторно се вратија во мечот, а во 53 минута преку Штрелк го презедоа водството 23:24.
До крајот Вардар, не ги искористи шансите да го избегне поразот.
Најзаслужни за победата на Веспрем беа Лекаи со седум и Наѓ со шест гола, како и голманот Миклер кој седумте одбрани ги имаше во второто полувреме.
Кај Вардар се истакнаа голманот Милосављев со 13 интервенции, односно Дисингер со пет и Стоилов, Кристопанс и Скобе со по четири гола.
Вардар сега е трет на табелата со 15 бода, Веспреме и позиција погоре со 16, а лидер во групата е Барселона со 18 бода и натпревар помалку.
Вардар во наредното коло гостува во Малме кај Кристијанштад на 23 февруари.