РК Вардар 1961 му се одмазди на словачкиот Татран Прешов за изненадувачкиот пораз во првото коло во СЕХА лигата, за пред домашната верна публика да дојде до 29:24 (15:10) победа.
Гостите се покажаа како израмнет противник само во првите 15-тина минути, во кои имаа 6:5 водство, пред „црвено-црните“ да се одвојат на 9:6 и потоа сигурно да ја заддржат оваа предност до крајот на мечот.
Јан Чувара беше најефикасен кај Вардар со пет гола, а во тимска игра со четири гола завршија и Гоце Георгиевски, Јони Моралес и Лео Фереира. Кај Татран, Оливер Рабек беше фантастичен со 10 постигнати голови.
Следен меч на „црвено-црните“ во СЕХА-лигата е на крајот на февруари, кога гостуваат кај Партизан.
Фото: СЕХА-лига