Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа Партизан со 31:26 во второто коло на групната фаза во СЕХА лигата. Во убава атмосфера што ја создадоа „Комитите“, вардарци успеаја да стигнат до триумф.
Во првиот дел, Вардар дојде до предност од четири гола (12:8), но гостите сепак до полувремето намалија на два гола негатива (16:14).
Со головите на Зечевиќ и Јовиќ, Партизан израмни во второто полувреме на 19:19, но потоа дојде нова серија на Вардар кој поведе со 25:21 и го реши мечот.
Филип Талески постигна девет гола, Дејан Манасков запиша еден гол помалку, а одличен меч имаше и Стојанче Стоилов со седум погодоци.