Top Sport

Вардарци убедливи на дуелот со Бутел

Ракометарите на Вардар стигнаа до убедлива победа (36:18) над Бутел во во плеј-оф фазата од Суперлигата. Ова за вардарци беше еден вид загревање во пресрет на гостувањето кај Партизан во СЕХА лигата.

Вардар го реши прашањето на победникот уште по првиот дел, кој го заокружи во своја корист со 16:8. Одбраната на „црвено-црните“ беше цврста, а тоа резултираше и со брзи и лесни голови во нападот.

Во второто полувреме Вардар ја удвои предноста која на крајот достигна и до 18 голови позитива.

Дејан Манасков беше одличен и постигна 11 гола во тимот на Вардар, сите во второто полувреме. Во составот на Бутел, најефикасни беа Владимир Јевтиќ со пет и Мартин Манасков со четири реализации.

Scroll to Top