Top Sport

Македонија ќе биде домаќин на „Били Џин Кинг куп“ ова лето

Македонија повторно ќе биде домаќин на „Били Џин Кинг Купот“ кој ќе се игра за време на летниот период оваа година. Во периодот од 3. до 8. јули, на терените на тенискиот клуб Југ, најдобри македонски тенисерки ќе се борат за пласман во една зона погоре.

Покрај Македонија, во третата зона играат уште Албанија, Ерменија, Азербејџан, Кипар, Финска, Исланд, Луксембург, Црна Гора, Молдавија и Сан Марино.

Само најдобриот тим ќе се пласира еден ранг погоре.

Турнирот ќе се игра на земјена подлога, а наскоро ќе биде одржан и ждребот за ова натпреварување.

Scroll to Top