Ракометарите на Вардар пристигнаа во Келн, каде в сабота и недела, ќе се одигра завршниот турнир во Лигата на шампионите. Пристигнувањето на европскиот шампион го забележа ЕХФ на својот профил на Твитер.
Welcome everyone to Cologne! ?? @HCVardar is in the house ⚫️?⚫️ #veluxehfcl #ehffinal4 pic.twitter.com/M0wefQ5DW7
— EHF Champions League (@ehfcl) May 24, 2018
Црвено-црните, во Германија, ќе ја бранат титула освоена минатата сезона и ќе се обидат да станат првиот тим, што успеал да ја одбрани европската круна, откако завршницата во Лигата на шампионите се игра во овој формат.
Исто така, Вардар сака да го повтори успехот на Сиудад Реал кој е последениот тим што ја одбранил титулата. Сиудад Реал, во стариот формат, стана европски првак во сезоните 2007/08 и 2008/09.
Вардар за противник во полу-финалето го доби францускиот тим Монпелје. Овој дуел на програмата е в сабота од 18 часот. Претходно, од 15:15 часот, завршниот турнир ќе го отворат ПСЖ и Нант.
Can you recognize any of these players? #veluxehfcl #ehffinak4@HCVardar © EHF / Hocevar pic.twitter.com/GLWiEGfp9Q
— EHF Champions League (@ehfcl) May 24, 2018