Top Sport

Втор пораз за РК Вардар 1961 од Рајн Некар

Македонскиот претставник Вардар 1961 го заврши настапот во Европската лига на ЕХФ во квалификациската рунда. „Црвено-црните“ и вторпат загубија од Рајн Некар Левен (37:33) и нема да бидат дел групната фаза на ова натпреварување. Тоа беше јасно уште по првиот меч што Вардар го загуби со девет гола разлика во Скопје.

Вардар имаше водство од 8:6 на стартот, но на одморот двете екипи заминаа без предност, 17:17.

Сепак, во второто полувреме Рајн Некар Левен го засили темпото, обезбеди четири гола предност, кои ги одржуваше до крајот и славеше со конечни 37:33.

 

 

Scroll to Top