По победата над Литванија во првиот меч, кадетската ракометна репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа на ЕП во Тбилиси, Грузија, совладувајќи го Луксембург со 31:25.
Иако се очекуваше лесен меч на почетокот, Луксембург успеа да биде еднаков противник во првото полувреме, одигрувајќи 14:14, пред нашите момци да го покажат квалитетот во второто полувреме за забележување на втора победа. Костески постигна 9 голови за да биде најефикасен на мечот, а Симоноски постигна седум гола.
Со оваа победа Македонија е блиску до полуфиналето, а за првото место во групата најсериозен противник ќе биде Швајцарија.