Црногорските ракометари не го криеја разочарувањето по поразот од Македонија во второто коло во групата Ц, по што сега ќе мораат да се борат со Словенија за евентуален пласман во втората рунда.
„Игравме многу подобро од мечот со Германија, но ниту тоа не беше доволно. Бевме мотивирани, подготвени. Не знам, можеби бевме и малку оштетени иако сега е тешко да се дава проценка. Сепак, игравме добро. Сега, Словенците се многу побрзи од Македонците, но нема да се откажеме, тоа ќе го ветам“, вели Стеван Вујовиќ, ракометарот на романскиот тим Доброгеа.
Најефикасен на мечот за Црногорците беше Стефан Чавор (Вецлар), кој ни даде шест гола.
„Мислам дека во првото полувреме бевме многу подобар тим, но не издржавме. Целото второ полувреме го игравме со играч помалку и немаше одбрана. Направивме и некои клучни грешки во важните моменти. Но, уште не е загубено сè, не чека мечот со Словенија, која можеме да ја добиеме“, објаснува Чавор.
Пак финиш за инфаркт, Македонија е подобра и од Црна Гора (видео)