Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, како дел од тимот на телевизијата „РТ“ ќе биде на Светското првенство во Русија.
Португалецот ќе биде специјален гостин гостин во емисиите на „РТ“, а за само пет дена ќе заработи вистинско богатство. Руската телевизија на Мурињо ќе му плати милион фунти (околу 1,2 милиони евра).
Токму финансискиот момент е причината поради која Мурињо ги одбил понудите на британските телевизии „Би би си“ и „Скај Спортс“ и реши да биде стручен аналитичар на „РТ“.
Покрај Мурињо, телевизијата како стручен аналитичар го нагажира и поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Петер Шмајхел.