Баерн го потврдија интересот за фудбалерот на Ајакс, Рајан Гравенберх. Договорот на фудбалерот со Ајкас истекува во јуни 2023 година. Гравенберх нема да го продолжи договорот, што значи дека летниот преоден рок е последна шанса Ајакс да заработи од неговиот трансфер.
Германските медиуми пипуваат дека менаџерот на фудбалерот, Мини Рајола, одржал еден состанок со спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ. Фудбалерот имал желба да се пресели во Минхен, бидејќи му се допаднал понудениот проект.
Евентуалниот трансфер на Холанѓанецот, значи дека Корентан Токисо ќе замине од Минхен.
Рајан Гравенберх има 19 години, тој е продукт на клупската академија. За Ајакс дебитирал во септември 2018 година. Тој е најмладиот дебитант во Ередивизјата, првиот меч го одиграл на возраст од 16 години и 130 дена.
За Ајакс има одиграно 92 натпревари, постигнал 10 голови.