„Салах, те молам дај гол. Сакам да одам дома, затоа што имам домашна работа”.
Ова вчера се појави на транспарентот кој в раце го држеше девојче на трибините на стадионот во Египет, на мечот меѓу домашната селекција и Тунис (3:2) во рамки на квалификациите на афричкиот Куп на нации.
Мохамед Салах го реши мечот со гол во 90. минута, по што го видел транспарентот на Твитер и експресно одговорил:
„Навистина се обидував да те пуштам да си одиш порано дома. Жал ми е што те задржав до последната минута. Се надевам дека утре твојот учител ќе ја разбере ситуацијата” – напиша Салах.
https://youtube.com/watch?v=ZBxhFtTPBhU