Top Sport

Салах по голот во 90. минута се извинуваше на девојче кое остана без напишана домашна работа (видео)

„Салах, те молам дај гол. Сакам да одам дома, затоа што имам домашна работа”.

Ова вчера се појави на транспарентот кој в раце го држеше девојче на трибините на стадионот во Египет, на мечот меѓу домашната селекција и Тунис (3:2) во рамки на квалификациите на афричкиот Куп на нации.

Мохамед Салах го реши мечот со гол во 90. минута, по што го видел транспарентот на Твитер и експресно одговорил:

„Навистина се обидував да те пуштам да си одиш порано дома. Жал ми е што те задржав до последната минута. Се надевам дека утре твојот учител ќе ја разбере ситуацијата” – напиша Салах.

https://youtube.com/watch?v=ZBxhFtTPBhU

Scroll to Top