Top Sport

„Дојди во Севилја, можеш да пиеш, да излегуваш, јас ќе те покривам“

Самир Насри една сезона во кариерата мина во Севилја. Во сезоната 2016/2017 тој како позајмен фудбалер од Манчестер сити пристигна на „Санчез Писхуан“. Насри раскажал како тогашниот тренер Хорхе Сампаоли го убедил да ја прифати понудата, тренерот му ветил дека ќе може да прави што сака.

„Толку многу ме сакаше, ми кажа: ‘Дојди во Севилја, можеш да пиеш, да излегуваш, да правиш што сакаш, јас ќе те покривам. Од тебе барама само да бидеш добар на теренот’“, рекол поранешниот француски репрезентативец.

Насри открил дека во тој период станал добар пријател со Санпаоли.

„Со него имав пријателски однос. Тој ми беше пријател, а не тренер. Ги слушав неговите говори иако не разбирав шпански“.

Во кариерата Насри бил играч на Марсеј, Арсенал, Манчестер сити, Анталија, Вест Хем и Анделерхт.

Scroll to Top