Top Sport

ПАОК со провокации пред „жешкиот“ дуел со Бешикташ

Ждрепката сакаше во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите да се паднат грчкиот ПАОК и турскиот Бешикташ во моменти кога односите меѓу двете земји не се најдобри, а „страстите“ ги распалија од грчкиот клуб кој на својот дрес реши да постави провокативни детали.

На работ на дресот на ПАОК за овој меч се впишани пораки „Аја Софија“, „Бегалци“, „Мала Азија“, „Понтос“ и „Константинополис“, што е јасен показател дека сака да се покаже на грчката историја на дел од денешна Турција. Мечот ќе се игра во Солун следната недела.

Останува да се види дали УЕФА ќе реагира на оваа провокација, која не би била прва која доаѓа од грчкиот клуб, откако во 2018 година на меч од квалификациите за ЛШ имаше директна порака до нашата земја: „Македонија е една и единствена и таа е тука“.

Фановите на ПАОК со провокација: Македонија е една и единствена и таа е тука!

Scroll to Top