На натпреварувањето од кое прво се закани дека ќе се повлече поради сини патики, а потоа на една жена која се симна долу до масите и дозволи да се обиде да ја стави црната кугла, Рони О’Саливен го „растури“ Кајрен Вилсон со 9:2 за да ја освои титулата.
Ова е 29. ранкинг-титула во кариерата на О’Саливен, со што се израмни со Џон Хигинс, за која го доби трофејот „Стив Дејвис“ и чек од 70.000 фунти. Ова беше прв турнир од „Хоум нејшнс“ серијата и „Ракетата“ сега е на четврт од патот до бонусот од милион фунти. Ако победи на турнирите во Белфаст, Глазгов и Кардиф, О’Саливен ќе го добие бонусот. Следниот месец мисијата продолжува на Северноирскиот опен.
Frightening!@ronnieo147 clears to win 9-2 and become the 2017 English Open Champion…
His pot success in the final: 98% #EnglishOpen pic.twitter.com/68WLtK2lJO
— World Snooker (@WorldSnooker1) October 22, 2017
Ова е прва ранкинг-титула за Рони од Велшкиот опен во 2016, пред 20 месеци. 41-годишниот О’Саливен сега заостанува само зад рекордот на Стивен Хендри од 36 ранкинг-титули.
Неповикана гостинка на мечот на О’Саливен, тој и дозволи да ја уфрли црната кугла (Видео)