Џудо сојузот на Србија одлучи да ја повлече јуниорката Ања Обрадовиќ од мечот со Лаура Фазлију од Косово на Европскиот куп во Сараево.
Како што објавија српските медиуми, Обрадовиќ не се појавила на мечот, што значи дека Фазлију ќе продолжи да се бори за некој од медалите на Европскиот куп.
Повлекувањето на џудисктата се случува во моментот кога српската Влада го забрани одржувањето на квалификацискиот турнир за јуниорски, за пласман на Светското првенство.
Вчера, поради одлуката на Владата на Србија не се одигра планираниот меч помеѓу јуниорските репрезентации на Србија и Косово во Ковилово. На турнирот требаше да учестуваат и селекциите на Норвешка и Словачка.
Поради оваа одлука на српската Влада, ЕХФ, го суспендира Ракометниот сојуз на Србија.