Top Sport

Дадо Пршо си купил клуб од Сенегал!

Поранешниот хрватски репрезентативец, Дадо Пршо останува во светот на фудбалот, откако си купил второлигаш во Сенегал, јавуваат хрватските медиуми.

По крајот на фудбалската кариера, тој почна да работи како менаџер, но се откажа од таа работа бидејќи самиот призна дека бил „преискрен во проценката на квалитетите на фудбалерите“.  Тој сега е газда на второлигашот Демба Диоп, клуб од градот М’Бур во Сенегал, во партнерство со Бернар Лапорт-Фреј, француски бизнисмен.

Лапорт-Фреј има низа поседи во М’Бур, туристичко градче на брегот на Атлантскиот Океан и тој го повикал Пршо на гости, пред да се склучи договорот. Французинот исто така е претседател на францускиот второлигаш Пау.

Scroll to Top