Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини како реакција на средбата на голманот Џиџио Донарума со лутите навивачи на „росонерите“, објави дека сите преговори за продолжување на договорите се стопирани до крајот на сезоната.
Ултрасите на Милан вчера се појавија во Миланело и побараа состанок со Донарума, велејќи му да го продолжи договорот или да не игра против Јувентус следната недела. Според весникот „Кориере дела сера“, Донарума си заминал од состанокот во солзи.
„Важно е да се посочи дека никој надвор од Милан не може да одлучува кој ќе игра и кој ќе го обновува договорот. Изборите на теренот ги прави тренерот, а клубот е задолжен за договорите. Од овој момент сите преговори за продолжување на договорот се стопирани до крајот на сезоната, за да се фокусираме на фудбалот. Ќе ги заштитуваме нашите фудбалери како и секогаш“, изјави Малдини за новинската агенција „АНСА“.
Ултрасите на Милан контра Донарума – или потпиши договор или не играј против Јуве