Тимо Вернер, конечно, проговори околу критиките кои ги доби од Изабеле Силва, сопругата на соиграчот Тијаго Силва по пласманот во финалето на Лигата на шампионите со победата од 2:0 над Реал Мадрид во која Германецот имаше своја улога со еден гол.
Изабеле Силва по 1:1 ремито во Мадрид во кое Вернер пропушти неколку стоотстотни шанси изјави дека „овој Вернер, како му е името, само промашува“. Меѓутоа, веднаш откако Вернер постигна гол во реваншот таа се јави со порака дека го „сака Тимо“.
„Понекогаш емоциите го прават своето. Тијаго следниот ден дојде и ми се извини и ситуацијата беше готова. Среќен сум не само за неа, туку за сите сопруги на моите соиграчи. Се надевам дека јас, или некој друг, ќе ги натера да навиваат повторно. Најважно е жените да се среќни, секако, и нашите навивачи“, вели 25-годишниот Вернер.
Вернер има 12 гола и 13 асистенции во 47 меча за Челси, но помина период во кој 14 меча во Премиер лигата немаше постигнато гол.