Натпреварот со Селта, одигран во неделата, беше последен за голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген оваа сезона. Покрај тоа што ќе го пропушти дуелот во Еибар, во последното коло, Тер Штеген нема да настапи ниту на ЕУРО 2020.
Барселона, вчера, доживеа пораз од Селта (1:2), а во понеделникот Тер Штеген, објави дека мора да ја оперира тетивата во десното колено.
„Заедно со клупските доктори решив да одам на операција на тетивата. Тажен сум што ќе го пропуштан ЕУРО 2020 со Германија. По многу години повторно ќе бидам само навивач на националниот тим. Се надевам дека на крајот ние ќе славиме“, рекол Тер Штеген.
Операцијата на Тер Штеген ќе му биде извршена во Шведска под надзор на докторите на Барселона.
Германија на ЕУРО 2020 покрај Мануел Ноер на голманските позиции ќе ги има Бернд Лено и Кевин Трап.