Иако синоќа Италијанците се намачија против „жилавата“ Австрија, иако примија и гол откако на целото првенство и во квалификациите нивната мрежа мируваше, сепак стигнаа до четвртфинале, но и успеаја да срушат светски рекорд стар 47 години.
Се работи за рекорд за најдолго време (во минути) без примен гол кога се работи за фудбалски репрезентации.
Тој рекорд и претходно го држеше селекцијата на Италија со легендарниот голман Дино Ѕоф, од 1972 до 1974 година, „Азурите“ беа без примен гол точно 1.143 минути.
Пред синоќешниот гол кој во второто продолжение од двапати по 15 минути во мрежата на Донарума го постигна Саша Калајџиќ, последниот гол Италијанците го примија од Холандија, а оттогаш поминаа 1.168 минути.
Воедно избраниците на селекторот Роберто Манчини го срушија и италијанскиот рекорд за број на натпревари без пораз.
Тие не се поразени веќе 31 меч во низа, од Португалија во 2018 година.