Пред вечерашното осминафинално дерби Белгија – Португалија на ЕУРО 2020, младиот 22-годишен играч на Јувентус (најчесто настапува за младата екипа на „Бјанконерите“) – Даду Петерс кој се уште го очекува првиот настап за А-селекцијата на „црвените ѓаволи“ раскажува детали за Кристијано Роналдо.
„Секогаш јаде исто. Брокули, пилешко и ориз. Пие литри и литри вода, нема кока кола“ вели Петерс кој иако не игра заедно со КР7, често поминуваат заедничко време во клубот.
„Кристијано сака да победи секогаш и секаде. Тој ги тера младите играчи да растат. Вежба стомачни мускули, тој е од оние фудбалери кои се оптоваруваат со својот изглед, но не поминува многу пред огледало, тој нема време за тоа. Кога е во клубот, само тренира. Тој навистина живее за својата работа, фудбалот го разбира многу сериозно. Во клупскиот автобус не разговара за ништо освен за фудбал, ќе биде мотивиран против Белгија“ вели младиот играч на Јувентус.