Top Sport

Суринамскиот потпретседател-фудбалер доби тригодишна суспензија

Потпретседателот на најмалата јужноамериканска држава, Суринам, Рони Брансвајк доби тригодишна суспензија од Фудбалската конфедерација на Северна, Централна и Карипска Америка (ЦОНЦАЦАФ) откако беше снимен како дели пари во соблекувалната.

60-годишниот Брансвајк стана хит на Интернет, откако се појави снимка на која тој игра за клубот кој го поседува, Интер Менготапо минатата недела, кога играше покрај неговиот син, Дамијан Брансвајк на мечот со Олимпија. По мечот, тој во соблекувалната делеше пари на своите играчи.

„Поради прекршување на правилата за интегритет во фудбалот, клубовите се дисквалификувани од ЦОНЦАЦАФ лигата. Покрај тоа, господинот Рони Брансвајк добива тригодишна суспензија од натпреварувањата на ЦОНЦАЦАФ“, се вели во одлуката на конфедерацијата.

Брансвајк, кој пред фудбалската „кариера“ беше лидер на герилско движење во неговата држава, објаснува дека фудбалот е егово хоби.

„Фудбалот е само мое хоби и додека сум подготвен ќе играм за Интер Менготапо“, изјави Брансвајк.

Суринамскиот потпретседател е и фудбалер, капитен, газда, командос!

Scroll to Top