Финскиот интернационалец, Глен Камара имаше вечер каква што нема да ја заборави, откако заедно со неговите Ренџерс загубија со 1:0 кај Спарта Прага, каде што 10.000 деца не му заборавија за скандалот од дуелот со нивните лути ривали, Славија Прага.
Чешкиот репрезентативец Ондреј Кудела доби суспензија за наводните расистички навреди кон Камара на мечот помеѓу Ренџерс и Славија во Глазгов во март 2021, по што го пропушти Европското првенство.
Вечерва во Прага, Спарта мораше да игра меч без гледачи поради расистичките навреди кон Орелиен Чуамени во претходниот меч од Лига Европа поради Монако, така што на стадионот им беше дозволен влез само на 10.000 деца до 14 години. Тие безмилосно го исвиркуваа Камара, кому вечерта не можеше да му помине полошо откако доби два жолти картони, а неговите Ренџерс загубија со 1:0.