Top Sport

Нада Топчагиќ тврди дека не земала ниту цент од Златан

На 3 октомври, Златан Ибрахимовиќ во нему препознатлив стил го прослави својот 40. роденен, на кој покрај славните гости како Пол Погба, главна забава му предизвика српската пејачка Нада Топчагиќ, која ја пее неговата омилена песна „Утро е“.

Српските медиуми тврдат дека таа заработила 30.000 евра за настапот на роденденската забава, но таа тврди дека не земала ниту цент од фудбалерот на Милан, туку го направила тоа како „подарок за Ибра“.

„Некои пишуваат дека сум земала 30 илјади евра од Златан. Можеби и јас би го помислила истото за другите колеги, но не земав ниту цент. Секогаш ја зборувам вистината. Верувајте дека не ги покрив ниту патните трошоци. Ме лутат такви приказни. Тоа беше поклон за Ибра и за тоа што го направи за мене. Ќе влезе во историјата, бидејќи никој од моите колеги не го доживеа тоа“, вели Топчагиќ.

Шоу на Нада Топчагиќ на роденденот на Ибрахимовиќ

Scroll to Top