Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, одби да влезе во војна на зборови со ривалот од Ливерпул, Јирген Клоп, откако Германецот посочи дека ретко кому му се допаѓа стилот кој го игра шпанскиот шампион.
Под Симеоне, Атлетико направија репутација на еден од најцврстите тимови на планетата, кој можеби не игра блескав тики-така фудбал, но често постигнува резултати, како што покажаа лани кога ги елиминираа Ливерпул од Лигата на шампионите. Клоп, иако посочи дека го почитува Симеоне, призна дека фудбалот не е по негов вкус.
„Дали ми се допаѓа? Не премногу, бидејќи јас и фановите сакаат поинаков стил на фудбал. Но, не не мора да ми се допаѓа, бидејќи тие покажаа дека знаат да се успешни во тешки моменти за клубовите, да ги донесат вистинските засилувања и да станат шампиони. Тоа што го кажав пред година и пол беше поради поразот, најверојатно“, изјави Клоп, посочувајќи на коментарот по поразот во четврт-финалето дека Атлетико не играат „вистински фудбал“.
Минатата сезона во четврт-финалето, Атлетико Мадрид победија со 1:0 дома, пред Ливерпул да вратат идентично по 90 минути на „Енфилд“, а потоа да поведат со 2:0, пред Атлетико да направи луд пресврт за 3:2 победа.
Симеоне даде интересен одговор на критиките на Клоп, велејќи дека „нема ништо да каже“ за германскиот тренер.
„Се грижам само за Ливерпул како тим, иако мора да се признае дека Мохамед Салах е неверојатен играч. Ливерпулт се силни и задоволство е да ги гледаш. Не се плашат да остават место во одбраната, играат со пресинг, со брзина. Мораме да бидеме еднакви во интензитетот и да се обидеме да ги неутрализираме“, вели Симеоне.