Top Sport

Брентфорд нема да имаат нов дрес – да им заштедат на навивачите!

Новиот премиерлигаш Брентфорд доби пофалби од фудбалските фанови во Англија, откако објавија дека следната сезона ќе го заддржат сегашниот домашен дрес, со прва цел да им помогнат на своите навивачи да заштедат пари, но во обид да ја зачуваат околината.

Тие кои ќе сакаат да го купат домашниот дрес ќе го купат за „само“ 49 фунти, во споредба со поголемите премиерлигаши, чии дресови чинат и над 100 фунти. Ова е во целосна спротивност на големите клубови кои покрај тоа што објавуваат нови дресови секоја сезона, имаат и втор, трет, а понекогаш и трет дрес.

„Иако не е нормална практика премиерлигашите да не објавуваат нов дрес секоја година, нашите фанови ни кажаа дека го поддржуваат предлогот со нов дрес на секои две години. Ова е совршено време да се обидеме со нешто поинакво“, вели Џон Варни, генералниот директор на клубот.

Scroll to Top