Кај многу фудбалски фанови уште преовладува мислењето дека женскиот фудбал не е она „вистинското“ и дека никогаш не може да го достигне нивото на интензитет на „машката“ игра. Видеото од колеџ-пресметката во САД помеѓу тимовите на Санта Клара и БЈУ универзитетот може да ви го смени ова мислење.
БЈУ победи со 3:2 на пенали над актуелниот шампион од Колеџ купот, Санта Клара, по 0:0 во регуларниот дел, но повеќе внимание од пенал-серијата и шансите предизвикаа фантастичните стартови на ривалките. На мечот беа досудени дури 31 фаул – Санта Клара со 16 и БЈУ со 15.
Уживајте.