Top Sport

Црногорскиот ракометар Ласица се извини на македонските навивачи

Дисцилплинската комисија на Европската ракометна федерација (ЕХФ) го казни црногорскиот ракометар Марко Ласица со 5.000 евра (од кои 2.000 евра се условна казна на две години), откако влезе во конфликт со македонските навивачи при 28:24 победата на Црна Гора на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Ласица плукна кон навивачите на Македонија, по што дојде до поголем инцидент, кој за среќа беше избегнат поради реакцијата токму на соиграчите на Ласица. Денеска, тој се извини на македонските навивачи.

„Сакам да се извинам на македонската јавност и да ја објаснам ситуацијата. Во текот на целиот меч бев гаѓан со монети и плукан, а по натпреварот еден таканаречен навивач повторно ме плукна кога бев во негова близина. Направив грешка и затоа се извинувам. Посебно ја ценам македонската публика и нејзината посветеност кон репрезентацијата и клубовите. Мојата реакција е за осуда и уште еднаш се извинувам“, вели Ласица.

Селски потег на црногорскиот ракометар Ласица кон македонските навивачи

Scroll to Top