Светската автомобилистичка федерација (ФИА) потврди дека е запознаена со последните видео-снимки кои покажуваат како директорот на трки, Мајкл Маси користи исти фрази како директор на Ред бул објаснувајќи ја контроверзната одлука на последната трка од сезоната во Абу Даби, кога Макс Ферстапен го помина Луис Хамилтон за победата и за светската титула.
24-годишниот Ферстапен стана шампион откако по излегувањето на безбедосното возило по судирот на возачот на Вилијамс, Николас Латифи, Маси одлучи да има повлекување на возилото во последниот круг и дозвола за болидите кои беа меѓу Хамилтон и Ферстапен да одат пред возилото, така што да има пресметка во еден круг за титулата.
Сега, снимката од разговорот меѓу шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер, спортскиот директор Џонатан Витли и Маси јасно покажува дека постоел притисок да се донесе ваква одлука. Во радио пораката, Маси добива совет и барање од Витли како да се „решат“ болидите меѓу Хамилтон и Ферстапен.
„Тие кои се поминати цел круг, не мора да ги пуштиш за да стигнат до задниот дел на колоната. Само треба да ги пуштиш да одат напред и тогаш имаме мото-трка пред нас“, му вели Витли.
„Разбирам“, одговара Австралиецот, по што кога шефот на Мерцедес, Тото Волф бара причина за одлуката, Маси одговара: „Тото, ова се вика мото трка, океј?“.
Иако видеото беше објавено веднаш по трката, тоа сега стана вирално на Интернет, и дел од фановите сметаат дека ова јасно покажува дека Ред бул имале недозволено влијание во одлуките на Маси, и бараат негов отказ.
ФИА најави дека истрагата за трката во Абу Даби ќе биде завршена пред стартот на новата Ф1 сезона.
This is shocking. New emerging footage of @F1 Abu Dhabi GP containing previously unheard radio. Masi essentially executed the instructions of Jonathan Wheatley (Red Bull) without any second thought over its legality or fairness. This should be sickening listening to any fan. pic.twitter.com/XkOWmjGhH0
— Jordan ¹⁰³ (@F1_Jordan) February 8, 2022