Австралијката Ебони Бриџис е нова ИБФ шампионка во бантам категорија, откако на поени успеа а ја совлада Марија Сесилија Роман на пресметката во Лидс.
34-годишната Бриџис, која има прекар „Русокоса бомбадерка“ и е поранешна бодибилдерка и професорка по математика, дебитираше како професионалец во 2019 година и сега има 8-1 скор, откако стана сензација на социјалните мрежи со тоа што на мерењето се појавува во бикини.
„Горда сум на победата, која доаѓа по огромно жртвување и напорна работа. Марија Сесилија е вистински воин во рингот“, изјави Бриџис.
WHAT. A. FIGHT ? pic.twitter.com/SuojQMbTV1
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) March 26, 2022
You know it ????#BlondeBomber #GangstaShit #TheresOnlyOneBlondeBomberrrrr pic.twitter.com/Up5SsP7q0L
— Blonde Bomber ???♀️ (@EbanieBridges) March 26, 2022