Топспорт во Порто,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија е пред најголемиот предизвик можеби во историјата. Португалија е фаворит, но нашиот национален тим не дојде тука случајно и ќе се бори со сите сили да успее да се пласира на Светското првенство во Катар, порача селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата.
„Португалија има врвни играчи во своите редови, но не би издвоил никого. Ако почнеме да ги набројуваме, сигурно ќе има многу фудбалери. Но, ние сме дојдени овде во Порто како туристи, ќе се бориме до последен атом за да одиме на Светско првенство. Мислам дека веројатно никој не очекуваше, но мојата порака до фудбалерите е да уживаат во дуелите со најдобрите во Европа. Не очекува сосема различен меч во однос на тој против Италија. Португалија не е само Кристијано Роналдо, тоа е одличен тим, а фудбалот е сепак тимска игра. Ако ме прашувате како ќе играме против него, тогаш тоа ќе го задржам за фудбалерите. Фаворит е Португалија, и според рејтинг, и според традиција, и според тоа што досега го има направено, но повторно ќе напоменам дека Македонија не е случајно тука“, изјави македонскиот селектор Благоја Милевски.