Долгоочекуваниот боксерски меч помеѓу „најстрашниот човек на светот“, британскиот актер и бодибилдер Мартин Форд и иранскиот кревач на тегови, Саџад Гариби, попознат како „Иранскиот Хулк“ е откажан.
Мечот требаше да се оддржи на 30 март во „О2 арената“ во Лондон, но Форд преку социјалните мрежи потврди дека нема ништо од дуелот и дека бара нов противник.
„Ова е објава која не сакав да ја потврдам, но за жал мечот за 30 април ќе биде откажан. Целиот настан не е откажан, но само мојот меч поради работи кои се надвор од моја контрола. Не треба да си гениј за да откриеш зошто. Не сакам да зборувам за тоа, бидејќи потрошив премногу енергија. Тренирам напорно, ќе се случи боксерското деби, само што не знам против кој противник“, објави Форд.
На настанот во „О2 арената“ во рингот ќе влезе легендата на Манчестер јунајтед, 39-годишниот Патрис Евра против 28-годишниот америкнски јутјубер, Адам Салех.
Дуелот меѓу Форд и Гариби стана неизвесен откако Иранецот беше обвинет дека ги фотошопирал своите фотографии на социјалните мрежи, и изјави дека неговото семејство се „откажало“ од него поради мечот.
Сагата на „Иранскиот Хулк“ – обвинет за фотошопирање, семејството се откажа од него