Александер Волкановски е подготвен да остави „печат“ на УФЦ пред дуелот со Чен Сунг Џонг, попознат како „Корејскиот зомби“ на УФЦ 273 овој викенд, и признава дека би сакал да влезе во кафезот против Конор Мекгрегор. УФЦ шампионот во перо категорија вели дека не му недостасува мотивација.
„Исто како тие кои се планинари. И тие се искачуваат на планините бидејќи се тука, бидејќи горе е круната, нели? За мене, секогаш било да бидам најдобра верзија од тоа што можам да бидам. Секогаш велам дека сум аутсајдер, но со став дека ќе треба да заслужам да си тука. Секој нареден меч, одам погоре“, вели Австралиецот со македонско потекло.
Тој признава дека би сакал да влезе во кафезот со Мекгрегор, со кого неколку пати се „судрија“ само на социјалните мрежи.
„Сите го врескат неговото име, нели? Сите велат дека тој меч ќе се случи – поради парите, поради вниманието, пеј-пер-вју… И тој како мене е човек кој имаше појаси во повеќе категории. Зошто да не?“, додава шампионот.