Три Формула 1 тима побараа „објаснување“ од ФИА околу легалноста на болидот на Хас за 2022, тврди угледниот германски магазин „Ауто мотор унд спорт“, откако малиот американски тим има сензационален почеток на сезоната.
Хас минатата сезона станаа првиот тим кој не освои поени по шест години во Ф1 откако Никита Мазепин и Мик Шумахер не беа ниту блиску до топ 10. Оваа сезона, поддржани од спонзорските пари на семејството на Мазепин (кои компанијата си ги бара назад откако тој беше отпуштен), и со техничка поддршка од Ферари, Хас има освоено поени во две од првите три трки со значително посилен болид.
„Хас направија огромен чекор напред од последното место. Тоа е интересен чекор. Организација од 2.000 луѓе каков што е нашиот тим треба да научи многу од толку мал тим. Мора да завршија одлична работа“, изјави шефот на Мерцедес, Тото Волф.
Шефот на Алпине, Отмар Шафнуер, кој беше на чело на Рејсинг поинт во 2020, кога беа обвинети дека го копираат болидот на Мерцедес од 2019, вели дека е јасно дека Хас имале предност.
„Хас е мал тим кој скокна од последно до трето место во текот на зимата. Сите се изненадени, но јас го очекуваав тоа, бидејќи промените ги фаворизираат тимовие кои имаат врски со големите тимови“, изјави Шафнауер.
Иако не е јасно кои тимови бараат објаснување од ФИА, се верува дека Мекларен, Мерцедес, Астон Мартин и Алпине се меѓу тие кои се незадоволни од развојот на настаните.