Пол Погба му оддаде последна почит на својот долгогодишен агент, Мино Рајола, кој почина на 54-годишна возраст по долга борба со болеста.
На Твитер, фудбалерот на Манчестер јунајтед, објави видео на кое е заедно со Холанѓанецот со италијанско потекло од посреќи времиња со порака: „Секогаш во моето срце, ти благодарам Мими“.
Рајола, кој исто така беше агент на Ерлинг Халанд и Златан Ибрахимовиќ, соработуваше со Погба од времето кога тој произлезе од академијата на Манчестер јунајтед како тинејџер, обезбедувајќи му го трансферот во Јувентус (бесплатно), исто како и враќањето во Јунајтед за 100 милиони евра.
?????? ?? ?? ????? ❤️ ????? ??? ???? ?? pic.twitter.com/oeIHPlYHRz
— Paul Pogba (@paulpogba) May 1, 2022