Капитенот на Баерн Минхен, голманот Мануел Нојер, одбил да го продолжи договорот со германскиот шампион кој истекува во јуни 2023 година. Како што наведува „Кикер“, Нојер не е задоволен од должината на понудениот нов договор.
На 36-годишниот голман му била понудена соработка за уште една година, до летото 2024 година, но искусниот голман сака да остане член на „Алианц Арена“ и во наредните три години. Сепак, Баерн Минхен смета дека тоа е преголем временски период за да биде опфатен во сегашниот нов договор со голманот.
Мануел Нојер со Баерн Минхен освои дури 27 трофеи.