Пеп Гвардиола повторно инсистираше дека мнозинството англиски фудбалски фанови би сакале Ливерпул да ја освојат титулата од Премиерлигата поради историјата на клубот, посочувајќи дека неговите Манчестер сити и покрај доминацијата се „аутсајдери на деценијата“.
Пред последното коло од Премиерлигата, Манчестер сити има само поен предност пред Ливерпул, и во последното коло ги пречекуваат Астон вила на Стивен Џерард, додека Ливерпул игра со Вулверхемптон.
„Сигурен сум дека мојот англиски по 4, 5 години не е доволно добар. Кажав дека кога ќе стигнете до титулите, тимовите со поголема историја имаат повеќе навивачи. Тоа се случува и во Шпанија и во Германија и во Италија. Ние сме аутсајдерите последната деценија. Секако, сите луѓе не сакаат Ливерпул или ние да сме шампиони. Фановите на Ливерпул сакаат тие да се шампиони, и иако не велам дека цела земја навива за Ливерпул, во основа тие се тимот со повеќе титули. Можеби грешам, но во сите земји има два или три тима за кои луѓето почесто навиваат. Ливерпул, Јунајтед и Арсенал имаат многу историја, ние сме нови“, објаснува Гвардиола.
"We are new outsiders in the last decade."
Pep Guardiola insists more people want Liverpool to win the Premier League as they have a greater history of winning titles ? pic.twitter.com/Zo9PjUpAhI
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 20, 2022
Пеп одговара: Кој трошеше повеќе од Ливерпул во 1970-тите и 1980-тите? Или од Фергусон?