Дефанзивецот на Вест хем, Курт Зума избегна затворска казна за видеото во кое ја клоца својата мачка, но доби казна со општествено корисна работа и забрана да чува мачка барем пет години.
Видеото кое го објави неговиот брат Јоан на „Снепчет“ стана вирално во февруари и предизвика истрага од британското Кралско здружение за заштита на животните (РСПЦА), по што му беа одземени двете бенгалски мачки и потоа доби три обвиненија според британските закони за заштита на животните.
27-годишниот Зума призна дека е виновен за две обвинувања за „непотребно страдање“ на неговата мачка минатата недела и доби казна од 180 часа јавна работа. Неговиот брат исто така доби 140 часа јавна работа и двајцата нема да може да чуваат мачки во следните пет години.
Вест хем официјално го осудија Курт Зума по видеото со малтретирањето на мачката