Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали не се договорил со раководството на клубот и нема да потпише нов договор. Тоа значи дека голема е веројатноста Сенегалецот да биде продаден ова лето или да замине како слободен играч следната година, пренесува „Скај Италија“.
Актуелниот договор на дефанзивецот е до летото 2023 година и Наполи се обиде да го убеди повторно да потпише, но со сериозно намалување на платата. Сепак, фудбалерот не се согласи со предложените услови.
Не недостига интерес за 30-годишниот Сенегалец, бидејќи се поврзуваше со Јувентус, Манчестер Јунајтед, Барселона, Пари Сен Жермен и со Челси. Сепак, Кулибали најави дека од почит кон Наполи нема да се пресели во друг тим од Италија, туку ќе чека понуди од странство.