ВБЦ шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури вели дека е подготвен да се врати во рингот за меч за обединување на титулите против Ентони Џошуа или Олександер Усик, но само ако организаторите му гарантираат 500 милиони фунти да го вратат од „пензија“.
33-годишниот Фјури го нокаутираше британскиот сонародник Дилијан Вајт во април по што инсистираше дека ќе го исполни ветувањето дадено на неговата сопруга дека ќе се пензионира. Но, сега „Џипси кинг“ додава дека разговара со неговиот промотер Френк Ворен за „големо“ враќање.
„Ќе бидам пак во рингот 100 отсто, исто како во филмот ‘Џери Мегвајр’, кога викаше: ‘Покажете ми ги парите’! Ако некој ми го покаже парите, тогаш Френк Ворен ќе го реши тоа. Најверојатно ќе сакам половина милијарда за да се вратам. Ви ја кажувам вистината“, вели Фјури.
Усик го совлада Џошуа во септември за да ги освои ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО титулите и во август ќе има римеч. Фјури вели дека Украинецот е боксер од средна категорија, но предвиде дека пак ќе го победи Џошуа.
„Кога овој среднаш ќе го нокаутира бодибилдерот повторно, има само еден човек кој ќе го среди овој циркус, нели? Но, тоа ќе чини скапо“, додава Фјури.