Австрискиот дефанзивец на Ајнтрахт Франкфурт, Мартин Хинтерегер потврди дека се повлекува од фудбалот на само 29 години, велејќи дека веќе не може да игра на највисоко ниво, само еден месец откако со Ајнтрахт ја освои титулата од Лига Европа.
„Размислував за сопирање уште на крајот на минатата сезона. Се наоѓавво тешка спортска ситуација, моите перформанси веќе не беа на највисоко ниво. Го прославив трофејот од Лига Европа бидејќи знаев дека тоа е мојата последна победа со нашите фантастични фанови во градот, кој веќе стана мој втор дом“, вели Хинтерегер.
Австриецот минатиот месец беше главна тема на австриските медиуми, откако организираше „Хинти куп“, мал фудбалски турнир во својот роден гра Зирниц во Австрија со неговит проанешен бизнис-партнер Хајнрих Зикл. Токму Зикл, кој беше советник на националистичката Партија на слободата во Австрија (ФПО) до 2021, во минатото бил член на нео-нацистички организации.
По написите во австриските медиуми, Хинтерегер мораше да демантира дека е неонацист, прекинувајќи ја соработката со Зикл. Ова беше шок за навивачите на Ајнтрахт, клуб кој постојано се бори против екстремизмот во Германија, со голем број на навивачки групи кои се левичарски настроени.
„Мартин секогаш ќе биде добредојден во Франкфурт, не само како освојувач на Европскиот куп, туку поради извинувањето за неговото однесување во последните денови и недели и за неговите јасни и убедливи ставови против идеологијата на екстремната десница“, изјави претседателот на Ајнтрахт, Маркус Креше.
Martin Hinteregger hat sich dazu entschieden, seine Karriere als aktiver Profifußballer zu beenden.
Diese Entscheidung verdient größten Respekt. Vielen Dank für alles, Hinti! Wir wünschen dir alles Gute für die Zukunft. Du bist und bleibst ein Adler ?#SGE
— Europa League Sieger 2022 (@Eintracht) June 23, 2022