Top Sport

Марота: Дибала не му беше потребен на Интер, а Рома е идеален тим за него

Извршниот директор на Интер, Бепе Марота, објасни зошто клубот ги прекина преговорите со Пауло Дибала, кој потпиша за Рома, и со Бремер, кој се пресели во Јувентус.

„За Дибала се кажаа толку многу мислења. Можам само да кажам дека тој е голем професионалец и одличен фудбалер, но ние немаме проблеми во нападот. Едноставно немаше место за него. Не затоа што не е доволно добар, туку едноставно затоа што не ни беше потребен уште еден напаѓач. Целата ситуација беше извртена за да изгледа лошо, но случајот не е таков. Интер едноставно има квалитетна група напаѓачи и сака да ги задржи. Мислам дека Рома е идеален тим за Дибала, бидејќи таму може да биде лидер“, истакна првиот човек на Интер.

Жозе Мурињо успеа да ја искористи ситуацијата и го доведе Пауло Дибала во Рома.

 

Scroll to Top