Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте вели дека Сон Хеунг-Мин ја има целата негова поддршка, и тоа не само за да постигнува повеќе голови, туку и да се омажи за неговата ќерка.
Кореецот лани беше најдобар стрелец во Премиерлигата (заедно со Мохамед Салах), но оваа сезона во четири меча има само една асистенција и ниту еден гол, но тоа не значи дека ја губи поддршката од Конте.
„Сони е навистина разумен фудбалер. Тој е разумен човек, навистина добро момче. Да ви дадам пример, ако морам да најдам сопруг за мојата ќерка би сакал да биде човек како него. Во моментов можеби страда поради тоа што не дава голови, но треба само да продолжи и да верува само во себе. Јас и неговите соиграчи му веруваме. Сите ја знаете вредноста на Сон со Хери Кејн и за мене Сони секогаш ќе биде дел од мојот фудбал“, вели Конте.
"If I am to give an example, I have to find a husband for my daughter I'd like to be a person like him!" ?
Antonio Conte came to a passionate backing of forward Heung Min Son ? pic.twitter.com/yJ6MBtrgjL
— Tottenham News (@Spurs_fl) August 29, 2022